Премиерот на Словенија се ожени со 19 години помладата еко активистка

Од:

Словенечкиот премиер Роберт Голоб (58) и неговата партнерка Тина Габер (39) се венчаа денеска попладне во Вила Тартина во Струњан, на јадранскиот брег помеѓу Изола и Пиран.

Тина Габер е позната на словенечката јавност првенствено како социјална и еколошка активистка, со над 30.000 следбеници на социјалните мрежи, кои ги користи најчесто за да привлече внимание кон овие теми.

Таа беше особено вклучена во прашањето за заштита на животните и природата и се истакна како гласен противник на масовното убивање на кафеави мечки и волци во Словенија.

Пред да стане позната како активистка и сопруга на словенечкиот премиер, Тина Габер изгради кариера во светот на модата.

Родена во 1985 година, таа многу рано почна да се појавува на натпревари за убавина и модни настани, а медиумите ја препознаа како едно од лицата на новата генерација словенечки модели.

Таа често се појавуваше на јавни настани и во медиумите и редовно ги полнеше страниците на списанијата за животен стил со своите импресивни модни изданија.

Во 2007 година, како студентка по социологија, таа го освои натпреварот за Мис Хавајски Тропик Словенија 2008 во Љубљана.

Врската со Роберт Голоб беше откриена пред две години, а оттогаш двојката често се појавуваше заедно на официјални и приватни настани. Поради разликата во годините, многумина беа изненадени од врската, но тоа никогаш не им претставуваше проблем.

Наводно, врската многу брзо станала сериозна и Габер се преселила во домот на премиерот во рана фаза.

Таа често го придружувала на неговите службени патувања, а јавноста ги гледала како заедно посетуваат културни и спортски настани.

Би можело да ве интересира

Словенија: Ќе ги почитуваме налозите за апсење на лидерите на Израел и Хамас

Ковачевски – Голоб: Словенија отсекогаш била силен и гласен поддржувач на европските перспективи на Македонија

Катерина Ѓуровски