Премиерот на Романија поднесе оставка

Од:

Социјалдемократскиот премиер на Романија, Марсел Чолаку соопшти дека денеска поднел оставка, ден по убедливата победа на екстремната десница во првиот круг од претседателските избори и поразот на кандидатот поддржан од неговата влада.

„Со оглед на резултатите од гласањето, коалицијата формирана со либералите и партијата на унгарското малцинство повеќе нема легитимитет“, изјави Чолаку за новинарите по состанокот на неговата партија во Букурешт.

Тој изјави дека оставката му ја доставил на претседателот на Романија, Илие Бологан и дека им „предложил на колегите“ да ја напуштат владата, која поради тоа повеќе нема да го има потребното мнозинство во парламентот.

Министрите ќе дејствуваат со технички овластувања само додека не се формира нова влада по вториот круг од претседателските избори закажан за 18 мај.

По парламентарните избори одржани во декември, Чолаку (57) остана на чело на владата врз основа на договор кој имаше за цел да го спречи доаѓањето на екстремната десница на власт и претставувањето заеднички кандидат за претседателските избори.

Сепак, владиниот кандидат Крин Антонеску го освои третото место во првиот круг од претседателските избори и се откажа од трката.

Екстремно десничарскиот кандидат Ѓорѓе Симион беше најдобар во првиот круг од претседателските избори со 40,9 отсто од гласовите, пред центристичкиот градоначалник на Букурешт, Никусор Дан кој доби 20,9 отсто.

Би можело да ве интересира

Дан: Романија поминува низ тежок период

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски

Бугарија: Жељасков го прифати мандатот, идната влада ја сочинуваат три партии

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он