Премиерот на Федерацијата БиХ бара реконструкција на Владата

Од:

Премиерот на Федерацијата Босна и Херцеговина Нермин Никшиќ вчера побара смена на осум опозициски министри во федералната Влада за да се надмине политичката блокада.

Владата на Федерацијата БиХ е блокирана од летото, а заедничката Влада на БиХ е формирана од нова владејачка коалиција. Потоа и Федерацијата БиХ формира нова Влада. Но, федералниот премиер Живко Будимир, член на една од партиите, исклучена од Владата, откажа да направи соодветни промени на кабинетот. Така во Владата останаа осум министри од партии што не се во владејачката коалиција, кои ги блокираат клучните предлог-закони, а минатиот месец го бојкотираа и гласањето на предлог-буџетот на Федерацијата.

Никшиќ побара од Будимир да ги смени министрите со образложение дека ја блокираат работата на Владата, но тој одби.

Согласно Уставот на БиХ регионалните претседатели го имаат последниот збор при формирањето на регионалните влади.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски