Предложено разрешување на претседателот на Федерацијата БиХ

Од:

Комисијата на Претставничкиот дом на Федерацијата Босна и Херцеговина формирана со цел да утврди дал претседателот на ентитетот Живко Будимир е достоен да ја извршува функцијата, денеска заклучи дека тој треба да биде разрешен од должноста.

Кака што објавија сараевските медиуми, Комисијата решила да му предложи на Претставничкиот дом да побара од Уставниот суд да донесе одлука за разрешување на Будимир од функцијата преседател на муслиманско-хрватската Федерација БиХ.

Комисијата, која беше формирана по апсњето на Будимир на 26 април, ја сочинуваат претставници на политичките партии застапени во Претставничкиот дом.

Полицијата го уапси Будмир под сомнеж дека со некои од неговите одлуки за помилување на осудени затвореници, ги прекршил законите и ги злоупотребил овластувањета. По едномесечен притвор Будиммир беше пуштен на слобода на 24 мај, по што започна со извршување на обврските што произлегуваат од неговата функција.

Во меѓувреме, Јавното обвинителство денеска поднесе жалба на одлуката за ослободување на Будимир од притвор.

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина