Предизборен молк во Босна и Херцеговина

Од:

Во Босна и Херцеговина денеска е предизборен молк пред утрешните општи избори во земјата.

Околу 3,3 милиони луѓе од вкупното население на Босна од 3,5 милиони ќе имаат можност да одлучат кој босански Србин, Хрват и муслиман ќе ги претставува во колективното тричлено Претседателство, кое на ротирачка основа е предводено од еден на претставниците на трите заедници.

Според Дејтонскиот мировен договор, со кој заврши војната во БиХ (1992-1995 година), земјата е поделена на два полуавтономни дела – Република Српска, населена главно со босански Срби (31 отсто од целото население на Босна) и Муслиманско-хрватската федерација, односно Федерација БиХ, каде што живеат претежно босански муслимани – Бошњаци (околу 50 проценти) и босански Хрвати (15 проценти).

Покрај членовите на Претседателството, Босанците ќе избираат и свои претставници во долниот дом на националниот парламент, парламентите на двете конститутивни единици, како и во парламентите на десетте кантони на ФБиХ. Република Српска ќе избира и претседател и потпретседатели.

Граѓаните ќе можат да избираат меѓу 72 партии, 17 независни кандидати и 38 коалиции, соопшти Централната изборна комисија (ЦИК).

Над 3.700 набљудувачи се акредитирани за изборите.

Според прелиминарните проценки на ЦИК, изборите ќе чинат 12.528.000 конвертибилни марки (околу 6.264.000 евра).

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски