Во Босна и Херцеговина утрово во седум часот почна предизборниот мол, што ќе трае до затворањето на гласачките места во недела во 19 часот. Утре во БиХ ќе се одржат петти по ред локални избори во постдејтонска БиХ, на кои граѓаните ќе бираат 135 началници на општини и пет градоначалници.
Во Република Српска ќе се бираат 58 општински собранија, пет собранија на градови, во Федерацијата БиХ 78 општински собранија, а ќе се избира и Собраниа на дистриктот Брчко. На изборите ќе учествуваат 30.351 кандидат.
По првпат изборите во Сребреница ќе се одржат без посебни правила за таа општина, според кои, во општината ќе можеа да гласаат сите оние што во Сребреница живееле по пописот на населението во 1991 година.
Сега ќе може да гласаат само оние граѓани што во тоа место имаат пријавено постојано живеалиште и лични документи издадени во Сребреница. Аналитичарите оценуваат дека резултатите од локалните избори во БиХ во голема мера ќе влијаат на односот на политичките сили во државните институции, пред сè во Советот на министри во БиХ.