Уапсен е масовниот убиец Урош Блажиќ кој синоќа уби осум и рани 13 лица, потврди српската полиција.
.
Поради интензивната акција на српската полиција која цела ноќ беше на терен со сите расположливи сили, по осум часа убиецот е пронајден во Вињиште кај Крагуевац. Блиц пишува дека се криел кај роднина.
Министерството за внатрешни работи на Србија објави фотогрфија од уапсениот урош во полициско возило со лисици на рацете.