Пожари беснеат во Турција, Грција и Албанија – илјадници луѓе се евакуирани

Од:

Пожарникарите денеска се обидуваат да изгаснат шумски пожари во три одделни покраини во Турција, Грција и во близина на туристичка дестинација во Албанија, по неколкудневните интензивни горештини низ Медитеранот.

Чад се издигна над планинската црноморска покраина Карабук, околу 200 километри северно од главниот град Анкара, а пожарот, кој беснее веќе шести ден, принуди евакуација на повеќе од десетина села и опустоши делови од шумата. Тројца пожарникари загинаа вчера во северозападната покраина Бурса, објави денес турското Министерство за шумарство.

Пожарникарите денес се борат со два одделни пожари, по евакуацијата на повеќе од 3.600 луѓе од населбите во јужните покраини Мерсин и Анталија. Турција беше место на десетици шумски пожари поради екстремна топлина во последните недели, а минатата недела 10 пожарникари загинаа борејќи се со пожар во централната покраина Ескишехир.

Топлите и суви лета се вообичаени во медитеранскиот регион, но сè поинтензивните топлотни бранови придонесоа за разорни шумски пожари во последните години. Во Грција, десетици пожарникари се борат со пожар што избувна во подножјето на планината Химет во Атина, во близина на универзитетски кампус во густо населено предградие. Најмалку 18 хеликоптери и авиони дејствуваат во областа.

Во Албанија, пожарникарите, со помош на армијата, се обидоа да го стават шумскиот пожар под контрола пред да стигне до крајбрежниот град Саранда и други туристички места на југот од земјата на јонскиот брег. Локалната полиција објави дека во изминатите три дена уапсила 13 лица за палење.

Бугарија распореди противпожарни авиони за да им помогне на копнените сили во борбата против голем шумски пожар во пошумен југозападен регион, додека во Грција неколку села беа евакуирани, а пет лица беа повредени во одделни пожари за време на викендот, кои беа поттикнати од висока топлина и силни ветрови.

Би можело да ве интересира

Активни се 14 пожари, четири се под контрола

Сѐ уште е активен пожарот во селото Нерав, и АРМ ќе се вклучи во гасењето

Поради пожарите, прогласена е вонредна состојба во Врање

Пожарот на планината Готен се очекува да се приближи до селото Јаргулица, во зависност од насоката на ветрот

(ВИДЕО) Ангелов: Најтежок за гаснење е пожарот на планината Готен

Горан Наумовски

Поради пожари затворени се регионалниот пат во правец Свети Николе – Куманово и Г.П. „Меџитлија“