Повторно немирна ноќ во Турција: „Насекаде е Таксим, насекаде е отпорот“

Од:

Демонстранти со барикади го блокираа движењето по булеварот „Кенеди“ во главниот град Анкара и полицијата ја гаѓаа со камења и шишиња, при што органите на редот употребија солзавец и водени топови, соопшти турската приватна телевизија Си-Ен-Ен-Турк.

Демонстрантите првично се разбегале, но подоцна повторно се собрале на истото место и повторно кренале барикади на улицата, скандирајќи пароли и пеејќи песни. Полицијата повторно интервенирала и почнала да гони дел од демонстрантите по околните улици. Булеварот сега е отворен за движење.

Во утринските часови полицајците го расчистија од кампери паркот Кугулу во Анкара. Околу 10.000 лица се вклучиле во синоќешниот протест во градот Ескишехир, во северозападна Турција. Учесниците во протестот скандирале „Влада, оставка“ и

„Насекаде е Таксим, насекаде е отпорот“.

Во Мерсин, во јужна Турција, исто така продолжуваат антивладините демонстрации. Околу 2.000 лица се собрале на плоштадот „Мир“ со транспаренти на кои пишуваше „Таип, погледни, преброј не колкусме“, „Ние сме војници на Мустафа Кемал“, „Насекаде е Таксим, насекаде е отпорот“ и други. Учесниците развејаа турски знамиња и носеа слики на Ататурк.

Протести против грубата полициска интервенција на истанбулскиот плоштад Таксим имаше и во градот Ерегли, во округот Зонгулдак, во северна Турција. Демонстрантите, меѓутоа, упаднаа во друга група која беше собрана за поддршка на властите, чии членови скандираа: „Не се плаши, Ерегли е со тебе“, „Реџеп Таип Ердоган“ и „Да се скрши раката, која посегнува по полицајци“.

Полицијата го спречи појавениот спор меѓу претставниците на двете групи, пред да прерасне во нешто посериозно.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски