Повторно без договор меѓу црногорската опозиција и власт, длабоката политичка криза продолжува

Од:

Лидерите на црногорските парламентарни партии ниту на втората средба не успеаја да постигнат договор кој би довел до разрешување на политичката криза во таа земја, соопшти претседателката на црногорскиот Парламент Даниела Ѓуровиќ.

Таа, по средбата што ја иницираше, истакна дека лидерите на партиите не се приближиле за ниту едно од трите прашања што ги делат власта и опозицијата, а тоа се изборот на судии на Уставниот суд, повлекувањето на законот за Претседател, и распишување на вонредни парламентарни избори.

– За жал, не постигнавме договор за ниту едно прашање. Апелирам до сите да најдат сила и одговорност за да се дојде до решение за прашањето за Уставниот суд и за другите прашања важни за граѓаните, рече Ѓуровиќ по средбата, истакнувајќи дека е подготвена да ја организира и следната средба. – Но, ако се се сведува на набројување на проблемите, а сите остануваат закопани во своите ровови, тогаш не ја гледам целта на тие средби, рече таа, додавајќи дека опозицијата имала „најтврди“ позиции, додека власта понудила некакви компромисни решенија.

Ова е втора неуспешна средба меѓу власта и опозицијата, откако првата пропадна минатата недела. Тогаш, претседателот на Црна Гора и на опозициската Демократска партија на социјалистите, Мило Ѓукановиќ, не дојде на средбата, туку го испрати потпретседателот на партија, Иван Вуковиќ. Тоа не беше прифатливо за просрпскиот Демократски фронт, чии лидери ја напуштија таа средба.

Синоќа неколку илјади граѓани, поддржани од опозицијата предводена од ДПС на Ѓукановиќ, ги повторија барањата од претходниот протест – распишување предвремени парламентарни избори, повлекување на законот за Претседател и избор на судии на Уставниот суд.

Црна Гора во моментов е предводена од техничката влада на Дритан Абазовиќ, која ја загуби поддршката од ДПС на Ѓукановиќ откако во август одлучи да потпише темелен договор со СПЦ, што, според опозицијата, значело префрлање на црногорското културно и историско наследство на СПЦ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски