Потврдено e обвинението за убиството на Данка Илиќ: Три имиња на списокот

Од:

Вишиот суд во Заечар го потврди обвинението против Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, обвинети за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ.

Судот донесе решение со кое го потврди обвинението, кое може да се обжали до Апелациониот суд во Ниш. Обвинителството на 24 септември до судот го достави на потврдување обвинителниот акт против осомничените.

Обвинението ги товари Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ за кривично дело тешко убиство во соизвршителство, а Радослав Драгијевиќ за кривично дело помагање на сторителот по извршувањето на делото и непријавување на делото и на сторителот.

Обвинителството во обвинителниот акт предложи судот да ги осуди на доживотен затвор Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ. Според обвинението, на 26 март Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ во Бањско Поле кај Бор со автомобил на ЈКП „Водовод“ каде што биле вработени прво удриле во двегодишното девојче, а потоа го внеле во возилото.

Нејзиното тело го фрлиле на депонија, од каде подоцна било преместено. Телото на девојчето се уште не е пронајдено.

Радослав Драгијевиќ е осомничен дека му помагал на синот да го премести телото на девојчето.

Братот на Дејан Драгијевиќ, Далибор Драгијевиќ, почина на 7 април во просториите на полициското одделение во Бор при приведување.

Би можело да ве интересира

Обвинетите за убиството на малата Данка остануваат зад решетки

А1он

Поднесено обвинение за убиството на Данка Илиќ

Не учествувал во убиството и никогаш не ја видел Данка – прозборе еден од осмничените за убиството на девојчето

Еден од осомничените за убиството на Данка денеска го прекинува молкот

Еден од осомничените за убиството на Данка го прекинува молкот

Осомничените за убиството на Данка биле пресметливи, резултати од вештачењето