Потпишана изјава за соработка во безбедноста меѓу Србија, БиХ и Црна Гора

Од:

Српскиот премиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, министерот за безбедност на БиХ Фахрудин Радончиќ и министерот за внатрешни работи на Црна Гора Рашко Коњевиќ потпишаа денеска во Сараево Изјава за заедничка соработка од областа на безбедноста, јави Танјуг.

Министрите во заедничката изјава ја потврдија намерата за натамошна регионална соработка на полето на борбата против организираниот криминал и сите облици на тероризам.

Радончиќ изјави дека со претставниците на Србија и Црна Гора разговарал за сите прашања и неопходни мерки кои се потребни да се преземат на терен за да полесно и поефикасно се надминат предизвиците кои стојат пред полициите на трите земји, со цел зголемување на безбедноста на граѓаните на целиот регион.

Дадено е целосно значење на јакнење на соработката во борбата против сите видови организиран криминал, преземање заеднички мерки во превенција и откривање и борба против секој облик на тероризам.

Би можело да ве интересира

Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

А1он

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он