Турски товарен брод „Таир Шенкај 1“ потона во Средоземното Море во близина на Анталија, додека 11-члениот екипаж е спасен, објави весникот „Хуриет дејли њуз“, повикувајќи се на турските власти.
Несреќата се случила околу 4 часот изутринава.
Бродот превезувал челични цилиндри.
Причина за потонувањето најверојатно е недоволното прицврстување на товарот на дното на бродот, смета вториот капетан.
Товарниот брод патувал од Истанбул кон пристаништето Мерсин во Јужна Турција.