Потерница по воениот командант, Шабановиќ

Од:

Министерството за внатрешни работи на Србија распиша меѓународна потерница по Мурат Шабановиќ, воен командант на Вториот баталјон на Првата подрињска бригада на армијата на БиХ, поради тероризам, изјави шефот на Кабинетот на директорот на Дирекцијата за координација на полицијата во БиХ, Мирела Знаор.

Јавноста на поранешна Југославија го памети Шабановиќ по драматичната ситуација во Вишеград, кога во април 1992 година се закани дека ќе ја крене во воздух браната на реката Дрина и ќе поплави се до Белград.

Со оглед дека Шабановиќ е државјанин на БиХ , меѓународната потерница е немоќна на тоа подрачје – изјави Знаор, која не прецизира за кое точно кривично дело Србија го обвинува Шабановиќ,кој од повеќе извори добил потврда дека го бараат од Интерпол.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

А1он

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он