Поштар во Црна Гора исчезна со 15.000 евра од пензии, подоцна пронајден мртов

Од:

Телото на млад поштар од Црна Гора, Милош Стаматовиќ, е пронајдено со врзани раце на брегот на реката Морача во населбата Ботун.

Милош Стаматовиќ од Даниловград излегол на терен и со себе имал 15.000 евра кои требало да им ги подели на пензионерите.

Полициската управа и Поштата на Црна Гора ја потврдија информацијата дека младиот поштар бил пронајден во вода со врзани раце за порталот Прес.

Телото било забележано вчера околу 10 часот од мештаните на Ботун. Инспекторите во соработка со надлежниот обвинител ја истражуваат смртта на црногорскиот поштар.

Набргу по исчезнувањето на Стаматовиќ, пронајдено е возилото во кое младиот човек превезувал пари. Во возилото се пронајдени меѓу 2.000 и 3.000 евра, а се бара остатокот од парите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски