Портпаролот на „Златна Зора“ не се кае што тепаше жени во емисија

Од:

Портпаролот на грчката екстремна десничарска партија Златна зора, Илиас Касидиарис за кој има налог за апсење поради нападот на двете политичарки од левичарските партии изјави дека не се кае поради својата постапка.

„Инцидентот беше наместен, со цел да предизвикаат кај мене екстремен одговор, наведе Касидиарис на веб страната на Златна зора.

Тој ја шокираше грчката јавност кога во телевизиската дебата која одеше во живо на грчката телевизија ја нападна со шлаканици претставничката на Комунистичката партија а на функционерката на партијата Сириза и истури чаша со вода во лице.

Обвинителството во Атина издаде налог за негово апсење меѓутоа тој е во бегство од пред два дена.

Касидиарис во денешното обраќање рече дека лично сам ќе се пријави во обвинителството за да ги тужи одговорните поради незаконската акција против него.

Касидиарис е наводно вмешан во една оружена пљачка во 2007 година и во понеделник е закажано судење за тој случај.

Токму и спомнувањето на овој случај од страна на Рене Дуру од партијата Сириза го испровоцира Касидиарис да и ја истури чашата со вода на сред емисија.

 

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он