Поројните дождови предизвикаа поплави и свлечишта во БиХ

Од:

Поројните дождови во Босна  Херцеговина предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, кои блокираа некои патишта и претставуваа закана за домовите во некои населени места.

Нивото на водата на Уна, Сава и Врбас е над критичното, при што се активирани вонредните мерки за заштита од поплави.

Во Дистриктот Брчко се поплавени стотици куќи и се подготвува евакуација на населението, а свлечиштата создаваат најголеми проблеми во регионот на Бања Лука, каде за 24 часа паднаа 38,6 литри дожд на квадратен метар.

Магистралниот пат Тузла-Зворник е затворени за сообраќај од вчера, откако свлечиште однесе дел од асфалтот.

Поплавени се и локални патишта во северниот дел на БиХ, а десетици илјади жители на мали населени места останаа отсечени од светот.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници