Пороен дожд пропретен со грмотевици, денеска предизвика поплави низ улиците во Подгорица и го парализира сообраќајот во главниот град на Црна Гора.
Како што јави Танјуг, гром удрил во една куќа во подгоричката населба Забиело, предизвикувајќи голема материјална штета. Во инцидентот нема повредени.
Според метеоролошките прогнози, нестабилното време со дожд и грмотевици во Црна Гора ќе продолжи и утре.