Поплавите во Република Српска однесоа 10 жртви

Од:

Во Република Српска досега се пронајдени 10 луѓе кои го загубија животот во полавите, но не се исклучува можноста бројот да е поголем – изјави директорот на полицијата на Република Српска Гојко Васиќ.

Тој наведе дека во Добој, каде нивото на водата е опаднато, се пронајдени шест човечки тела кои настрадале во поплавите, иако не ја исклучува можноста да се работи за луѓе кои се удавиле по течението на реката Босна.

– Додека не се изврши обдукција на телата, не можеме да даваме повеќе информации – изјави
Васиќ, наведувајќи дека се работи за тела пронајдени на отворен простор.

На подрачјето на Добој не се пријавени исчезнати лица, веројатно поради неможноста за користење на мобилен или фиксен телефон. Во одредени делови на територијата на Република Српска времето се стабилизира, но во некои делови може да се очекува зголемување на нивото на водата.

– Околу Бијелина е проблем е проблем поради високиот водостој на Сава и дискутабилно е дали насипите на вода се доволно високи, за количината на водата да се контролира – изјави Васиќ.

Според него, најголем проблем претставува информирањето на населението и нивното евакуирање за да можат да се преземат конкретни мерки. Тој апелира до граѓаните на Приедор и Нов Град да преземат мерки на претпазливост кога се соочуваат со поплава. Васиќ нагласи дека во сегашните околности, најбезбедно е да се контактира Цивилната заштита.

Коментирајќи ја појавата на лица кои во Бања Лука лажно се претставувале како припадници на полицијата и ширење информации за пукање на браната на Хидроелектраната во Бочац, Васиќ вели дека полицијата ги истражува таквите случаи, кои се присутни и на подрачјето на општина Петрово, каде се зборувало дека браната Модрац ќе пукне секој момент. Тој апелира граѓаните да ги пријавуваат ваквите случаи во полиција.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници