Поплави во Сараево

Од:

Обилните дождови што во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ го зафатија реонот на главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, предизвикаа поплави во неколку сараевски населби.

Претставникот на Противпожарното друштво од сараевската општина Илиџа, Нијаз Имамовиќ информира дека нивото на водата во попавените населби Осијек, Доглоди и Азиќи престанало да расне.

Тој нагалси дека засега неможе да даде никави проценки за натамошниот развој на настаните околу полавите, бидејќи тоа ќе зависи од временските прилики, односно од интензитетот на врнежите во наредните денови, како и од брзината на топењето на снегот на околните планини.

Како што јави Анадолија, Имамовиќ информира дека уште синоќа на жителите на поплавените населби им била понудена помош за евакуација, но дека никој од нив не сакал да го напушти својот дом.

– Во текот на ноќта имавме шест интервенции, но стануваше збор за пренесување на работите на повисоките катови. Граѓаните не сакаа да ги напуштат домовите, нагласи Имамовиќ.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски