Помал одѕив на изборите во Црна Гора, нема поголеми нерегуларности

Од:

Вонредните парламентарни избори во Црна Гора поминаа мирно и само со мали нерегуларности, но излезноста беше помала од изминатите парламентарни и претседателски избори, најавуваат набљудувачите.

Според Центарот за демократска транзиција, до 15 часот гласале околу 35 отсто од гласачите, што е помалку отколку на парламентарните и претседателските избори во април 2020 година, кога излезноста беше околу 50 отсто.

Нерегуларностите главно се однесуваат на фотографирање на гласачки ливчиња, а евидентиран е и еден конфликт меѓу гласачите и членовите на избирачкиот одбор на избирачкото место.

Избирачките места се отворени до 20:00 часот, а првите резултати се очекуваат околу 21:00 часот.

На изборите учествуваат 15 партии и коалиции, а анкетите покажуваат дека европското движење на претседателот Јаков Милатовиќ со околу 30 отсто од гласовите ќе биде пресудно за формирање на новата влада.

Милатовиќ по гласањето пред новинарите изјави дека новата влада треба да го продолжи патот на реформите, да го подобри животниот стандард на граѓаните и владеењето на правото и да го забрза европскиот пат на Црна Гора.

Изборите ги следат околу две илјади набљудувачи, од кои 200 се од странство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски