Половина Босна и Херцеговина слави Ден на државноста, во другата половина – обичен ден

Од:

Федерацијата БиХ денеска го одбележува Денот на државноста на БиХ, затоа што во овој ентитет на БиХ се смета дека темелите на државноста на БиХ се поставени на 25 ноември 1943 година во Мркоњиќ Град, на седницата на ЗАВНОБИХ.

Во Федерацијата БиХ денеска е празник и неработен ден, додека во Република Српска 25 ноември не се слави како Ден на државноста на БиХ.

На ниво на БиХ, никогаш не е усогласен единствен Закон за државни празници, но постојат закони на ентитетите што ги дефинираат државните празници.

Во Република Српска денот кога беше парафиран Дејтонскиот мировен договор – 21 ноември е празник и неработен ден, што не е случај во Федерацијата БиХ.

Претставниците на Република Српска претходно предлагаа денот кога беше потпишан Дејтонскиот договор да биде прогласен за Ден на државноста на БиХ, но политичарите од Федерацијата БиХ не се согласија на тоа.

Во Федерацијата БиХ, свеченото одбележување на Денот на државноста на БиХ почна со интонирање на химната и кревање на знамето на ридот Хум над Сараево.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски