Црногорската полиција интензивно трага по Алија Балијагиќ (62), кој е осомничен за убиство на братот и сестрата Јован и Миланка Маџгаљ во селото Соколац, кај Бијело Поље.
Според пишувањата на црногорските медиуми, осомничениот убиец е повеќекратен повратник кој бил уапсен за обид за убиство, силување и насилничко однесување, а по кого полицијата трагаше последните петнаесет дена.
Алија Балијагиќ пред 15 дена украл ловечка пушка од семеен дом и оттогаш има потера по него.
Балијагиќ вчера бил забележан во селото Соколац и наводно во текот на денот ручал во куќата на семејството Маџгаљ, а потоа вечерта се вратил и ладнокрвно ги убил братот и сестрата Јован и Миланка.
По злосторството убиецот побегнал, а полицијата почнала да трага по него, но засега успеал да побегне искористувајќи го тешко пристапниот терен.
Во потера по убиецот полицијата користи хеликоптер, беспилотни летала и кучиња, а полицијата пеш го „чешла“ целиот простор и тргнува од три правци.