„Полицаецот со голи раце тргна по убиецот, но го уби како ѕвер, не ни трепна“ – очевидци за масакрот во Младеновац

Од:

Жителите на селото Дубона кај Младеновац велат дека синоќа владеел целосен хаос во селото.

– Седуммина седеа на клупа до училиштето и лудакот дојде и се паркираше преку улицата од училиштето, до продавницата. Излегол од автомобилот и почнал рафално да пука. Тоа таму беа се деца, деца кои не правеа проблеми, а тој ги уби или рани – вели млад човек од селото кој го видел крвавиот празник на Урош Б.

– Почна дасе слуша врискање, плачење и запомагање. Верувајте, се се случи неочекувано и во моментот никој од нив немаше шанса да се спаси.

Како што вели друг очевидец за српските медиуми куршуми летале насекаде.

– Еден од нив успеа да се спаси легнувајќи под клупата. Насекаде имаше крв и слушнавме страшен рафал од огнено оружје. Ниту еден момент не застана. Полицаецот тргна кон него со голи раце, но го уби како ѕвер, не ни трепна.

Како што раскажува очевидец кога слушнале пукање, некои истрчале од куќата, но веќе било доцна.

– Кога слушнав што се случува, истрчав од куќата, но веќе беше доцна, веројатно и мене тој ќе ме убиеше. Повикавме полиција и брза помош. Се обидовме да им помогнеме на децата. Срцето ми се кине и не се чувствувам добро од сцената што ја најдовме синоќа – вели очевидец  и додава:

– Децата крвареа, ги носевме. Тие офкаа од болка, им ги притискавме раните, се беше полно со крв. О Боже, тоа да не се повтори. Само овие ранети да преживеат.

Да потсетиме, Урош Б.(21) синоќа околу 21:40 часот го започна масакрот во околината на Младеновац, во село Орашје, а потоа крвавиот пир го продолжи во селото Дубона.

Овој масакр е само еден ден по масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, каде ученик уби осум ученици и чувар, а рани шестмина од нив и една наставничка.

 

Би можело да ве интересира

Тројца мажи сакале да ја запалат куќата на обвинетиот за масакрот кај Младеновац

Мајка на две убиени деца во масакрот кај Младеновац: „Немам деца, болката се засилува, секое судење ни е се потешко затоа што мораме да го гледаме“

А1он

Убиецот од Младеновац доби закана: Цел живот ќе те чекам, се заколнав дека ќе се одмаздам

Горан Наумовски

Урош Блажиќ ја призна вината

Горан Наумовски

Урош Блажиќ призна сѐ: Убиецот од Младедонав даде своја одбрана за извршениот масакр

Родителите на жртвите го нападнаа масовниот убиец од Младеновац