Подгорица: Продажба на крв на улица

Од:

Крв во Подгорица може да се купи по цена од 30 до 50 евра, за 300 милилитри, пишува „Блиц“.

Берзата за крв се наоѓа кај Саат кулата, односно местото каде што наемните работници чекаат некој да ги ангажира за тешка физичка работа.

Некои од нив се подготвени наместо со труд, дневница да заработат на Одделението за трансфузија на крв.

Ним им се обраќаат семејства на болни кои не можат на друг начин да дојдат до крв. Мајка на еден тешко болен, потврдила дека била принудена да плати „доброволен“ дарител на крв.

-Никој од нас поради здравствени проблеми не можеше да биде дарител. Решивме да му платиме на надничарот за да даде крв. Тоа беше единствен начин. Беше итно, а нашите роднини живеат далеку – рече таа.

Од Заводот за трансфузија во Црна Гора, докторка Мирјана Грубиша изјави дека не се запознаени за оваа појава.

–Нам ни се обраќаат граѓани кои доброволно даруваат крв – изјави Грубиша.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски