Во тек е регистрацијата за Дигиталниот самит на економиите на Западен Балкан (ЗБ6), што ќе се одржи во Црна Гора од 11 до 13 октомври, соопшти црногорското Министерство за јавна администрација.
Како што соопштуваат од Министерството, на самитот ќе бидат разменети добри практики и достигнувања во процесот на дигитална трансформација и ќе се дефинираат идните насоки на дејствување.
Регистрацијата за четвртиот Дигитален самит на економијата на Западен Балкан е отворена, а сите заинтересирани можат да се пријават преку линкот: https://bit.ly/DSWB_
Како што беше објавено, на самитот, како еден од најважните регионални настани во областа на дигитализацијата, ќе се соберат претставници на регионални влади на високо ниво, Европската комисија, Советот за регионална соработка, деловните заедници, граѓанските организации и релевантните засегнати страни.
-Целта на Дигиталниот самит на СБ6 2021 е да се претстават и разменат добри практики на Западен Балкан, да се потенцира развојот и достигнувањата на Дигиталната агенда, да се дефинираат идните насоки и да се истражат можностите за градење партнерства со приватниот сектор во контекст на дигитална трансформација, се вели во соопштението.
Тематски форумот е поделен во четири области, дигитална економија, дигитални вештини и компетенции, дигитална инфраструктура и поврзување и доверба и безбедност.
-Самитот ќе се одржи во хибриден и онлајн формат, а третиот ден, 13 октомври, ќе се организира состанок на високо ниво на кој ќе се соберат премиерите од ЗБ6 на заеднички пат на дигитална трансформација и интеграциски процеси, се вели во соопштението од Министерството за јавна администрација, дигитално општество и медиуми кое е организатор на самитот во име на Владата на Црна Гора.
Дигиталниот самит на Западен Балкан 2021 година се одржува во рамки на Берлинскиот процес и како иницијатива на Советот за регионална соработка, а важноста на самитот е потврдена преку новиот четиригодишен акциски план 2021-2024 за заеднички регионален пазар, пренесува агенцијата МИНА која е медиумски покровител на настанот.