Почнува судењето на лидерот на Златна зора и на десетици други нејзини членови

Од:

Во Грција денеска почнува судскиот процес против десетици лица поврзани со неонацистичката партија Златна зора, трета најсилна партија во грчкиот Парламент.

Процесот, за кој се очекува дека ќе трае неколку месеци и за кој медиумите многу пишуваат, ќе се одвива во одлично обезбеден затвор во Атина.

Советот составен од тројца судии ќе им судат на лидерот на Златна зора, Никос Махалолијакос и 68 други, меѓу кои има и пратеници и полициски службеници.

Повеќето се обвинети за припадност кон криминална организација, но има и обвинети за учество во заговор за убиство, поседување оружје и расистичко насилство. Доколку бидат прогласени за виновни на обвинетите им се заканува казна до 20 години затвор.

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина