Почна пописот во БиХ, прв по 22 години

Од:

Изутринава во 9 часот по локално време во Босна и Херцеговина почна попис на населението, домаќинствата и живеалиштата, што ќе трае до 15 октомври, јави Анадолија.

По 22 години, колку што минаа од последниот попис во 1991 година, државата Босна и Херцеговина ќе добие конкретна демографска и економска слика на населението, како и голем број други статистички податоци потребни за соодветен развој на државата. Пописот, исто така, ќе овозможи и исполнување на неколку услови на патот на БиХ кон европските интеграции.

Пописот ќе трае секој ден од 9 до 21 часот, а првите резултати ќе бидат достапни по 90 дена, во јануари идната година.

Во пописот ќе учествуваат 25.000 лица, од кои околу 19.000 попишувачи, контролори и резерни попишувачи. Законот за попис предвидува буџетот за пописот да изнесува 46 милиони конвертибилни марки, односно околу 23 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

А1он

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он