Почина Иван Тасовац, директорот на Белградската филхармонија

Од:

Иван Тасовац, директорот на Белградската филхармонија почина вечерва во својот дом во Белград, откако одненадеш му се слошило.

Екипата на брзата помош безуспешно се обидела да го реанимира.

Беше претседател на Советот за промоција на Србија. Во 2013 година ја прифати поканата на премиерот Ивица Дачиќ да биде министер за култура.

Тасовац е роден во 1966 во Белград, а дипломирал пијано на Конзерваториумот „Петар Илич Чајковски“ во Москва, во класата на професорот Сергеј Дорењаски.

Бил директор на Белградската филхармонија од 2001 до 2013 година, а на почетокот на 2014 на конкурсот за нов директор едногласно бил избран како најдобар кандидат за оваа позиција.

Тој ја освои наградата „Disrupton“ за 2004 година, што ја доделува претставништвото на рекламната мрежа TBWA на оние кои работат поинаку од вообичаеното, и ги кршат воспоставените правила. Добитник е на повелбата „Биди добар и покажи им го на другите“ што ја доделува Бизнис школата за односи со јавноста за периодот јули-декември 2004 година, и е добитник на годишната награда за 2005 година, што ја доделува „Самсунг“. Добитник е на наградата „Придонес на годината за Европа 2009“. На Неделникот „Време“ го избра за личност во 2011 година.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Државата ги презеде сите мерки за да ги казни одговорните

(ВИДЕО) Пожар во Градска куќа во Нови Сад

Горан Наумовски

Демонстрантите влегоа во клинч, додека други ги искршија стаклата на Градското собрание во Нови Сад

Демонстрантите истурија фекалии во Градското собрание на Нови Сад

Горан Наумовски

Протест во Нови Сад: Демонстрантите фрлаа црвена боја кон Градското собрание, неколку инциденти пред просториите на СНС

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Демонстрантите направија хаос во Нови Сад, жена во солзи моли: „Имам две мали деца во автомобилот“

Горан Наумовски