По грешка го искршил автомобилот на министерката за градежништво на Република Српска

Од:

Полицијата во Бања Лука денеска го уапси Мирко Ковачевиќ, кој е обвинет дека минатата недела „по грешка“ го оштетил автомобилот на министерката за градежништво на Република Српска, Сребренка Голиќ.

Како што јави ИТАР-ТАСС, Ковачевиќ се товари дека со метален лост ги искршил стаклата и ја оштетил шасијата на автомобилот на Голиќ марка „Фолксваген Пасат“.

Ковачевиќ го призна делото нагласувајќи дека тоа го направил по грешка и дека нема ништо против Голиќ.

Имено, Ковачевиќ сакал да му се одмазди на еден чувар во затворот од кој неодмна излегол, а кој имал ист автомобил како и Голиќ.

Покрај тоа што двата „Пасати“ биле со иста боја, исти им биле и последните две цифри на регистраските таблички, што дополнително придонело за грешката на Голиќ.

Би можело да ве интересира

Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

А1он

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он