Плоштадот Славија e полн со граѓани од цела Србија

Од:

На плоштадот Славија во Белград се одржува студентски протест под слоганот „Се гледаме на Видовден“, објави Ал Џезеира.

Клучното барање на денешниот протест е распишување предвремени парламентарни избори, а второто – отстранување на кампот од Пионерскиот парк, каде што престојуваат студентите кои се противат на блокадите на факултетите.

Собраните им дадоа ултиматум на властите да ги исполнат нивните барања до 21 часот, но претседателот Александар Вучиќ вчера им рече да не чекаат до крајниот рок, бидејќи нивните барања нема да бидат исполнети.

Студенти и граѓани од цела Србија дојдоа на протестот во Славија и покрај тврдењата за опструкции, дека полицијата им ги запира автобусите и фактот дека железничкиот сообраќај е прекинат од вчера.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Студентите ја нападнаа полиција

Студентите од Славија порачаа: Ќе продолжиме таму каде што застанавме

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите подготвуваат необична кореографија за голем протест кај Славија

Горан Наумовски

Вучевиќ пред Парламентот: Време е да се стави крајот на Шарената револуција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) На комеморацијата во Газиместан по повод Видовден уапсени се неколкумина Срби

Српската полиција уапси маж кој му се заканувал на Вучиќ