Пленковиќ: Важно да се постигне праведен и долготраен мир што ќе го заштити територијалниот интегритет на Украина

Од:

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави денеска дека секој иден мировен договор за Украина мора да го заштити територијалниот интегритет на земјата и да обезбеди гаранции што ќе ја одвратат Русија од понатамошна агресија.

Пленковиќ напиша на X дека учествувал на состанокот на Европскиот совет и таканаречената коалиција на доброволни сојузници на Украина кои разговарале со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон за патот кон мирот.

Нагласив дека е важно да се постигне праведен и долготраен мир што ќе го заштити суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и ќе ѝ обезбеди цврсти безбедносни гаранции. Со тоа, придонесуваме за европската и глобалната безбедност“, рече Пленковиќ.

Сите се залагаме за што поскоро завршување на војната што одзеде голем број животи“, истакна хрватскиот премиер и додаде дека ќе продолжи сеопфатната поддршка за украинскиот народ и претседателот Зеленски.

Би можело да ве интересира

Пленковиќ: Три години Милановиќ повеќе ја застапува позицијата на Кремљ отколку на Хрватска и Западот

А1он

Пленковиќ: Протерувањето на Хрватите од Србија мора да престане

А1он

Мицкоски – Пленковиќ: Толку отстапки се направени од Македонија што ретко кој народ и држава би прифатила да направи толку исчекори за членство во Европската унија

Мицкоски во прва официјална посета на Хрватска, пречекан од Андреј Пленковиќ

Ковачевски-Пленковиќ: Евроинтеграцијата на Македонија е најдобар механизам за напредок на земјата

Ковачевски-Пленковиќ: Силна поддршка од Хрватска за членство на С. Македонија во ЕУ

Ана Ололовска