Пленковиќ: Протерувањето на Хрватите од Србија мора да престане

Од:

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека протерувањето на Хрватите од Србија веќе не се изолирани случаи, туку „некаков систем“ што мора да престане.

– Секое внатрешно-политички прашања на Србија не треба да има никакво влијание врз Хрватска или нејзините граѓани, изјави денеска Пленковиќ, откако минатата недела хрватската амбасада во Србија беше информирана за протерувањето на уште тројца хрватски државјани од таа земја.

Пленковиќ рече дека досега на овој начин се протерани 16 лица, а на 16 други хрватски државјани не им бил дозволен влез во Србија.

– Очекуваме да престане, нагласи премиерот и додаде дека поради ова реагирала и Европската комисија.

Пленковиќ изјави дека протерувањата повеќе не се за „изолирани случаи туку за некаков систем“. Тој повтори дека Хрватска „нема влијание врз внатрешните политички настани во Србија, ниту се меша во нив“, а спротивното тврдење го нарече смешно.

Би можело да ве интересира

Пленковиќ: Треба да започнат разговорите со Путин, Русите можат да ги издржат санкциите

Пленковиќ: Нема да одиме на инаугурација

А1он

Пленковиќ: ХДЗ не е задоволна од резултатот од првиот круг на изборите

А1он

Владата на Пленковиќ го преживеа гласањето за доверба

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

Пленковиќ го разреши хрватскиот министер за здравство Вили Берош

А1он