ПКК прогласи официјален прекин на огнот со Турција

Од:

Курдската работничка партија (ПКК) денеска официјално прогласи прекин на огнот со Турција, во согласност со повикот за мир упатен пред два дена од затвор од лидерот Абдула Оџалан.

Од 21 март, ние како движење, како ПКК официјално и јасно прогласуваме прекин на огнот, истакнува воениот командант на курдските буновници Мурат Карајалан во видео запис, објавен на сајтот „Фарат њуз“, кој е близок на ПКК.

Лидерот на ПКК Абдула Оџалан, кој се наоѓа во затвор во Турција, пред два дена ги повика борците да ги прекинат воените дејствија и да се повлечат од Турција како дел од мировниот процес, што има за цел да стави крај на курдскиот конфликт, во кој од 1984 година досега животот го загубиле над 40 илјади луѓе.

Ова претставува голем чекор напред кон прекин на конфликтот, кој трае веќе 30 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски