Писонеро: Новата ЕК сака што повеќе да го доближи Западен Балкан до ЕУ

Од:

Порпаролката на комесарот за проширување Ана Писонеро вели дека цел на новата Европска комисија е во својот мандат што повеќе Западен Балкан до го доближи до ЕУ.

-Дебатата за реформата на политиката на проширување веќе се води меѓу земјите членки, а ЕК ќе ги изнесе своите идеи кога ќе биде повикана за тоа, рече Писонеро.

Таа додаде дека земјите членки се уште официјално не побарале од Европската комисија да изработи свој предлог за методологијата на процесот на пристапување.

-Го добивме францускиот предлог. Тоа е придонес кон дебатата која трае меѓу земјите членки, наведе Писонеро.

Таа кажа дека Комисијата е отворена да разговара за реформата на проширувањето, но дека нејзин моменателен приоритет е отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија.

-Двете земји тоа го заслужија, наведе Писонеро, која на позицијата портпаролка на комисијата за проширување ја замени Маја Коцијанчиќ.

Таа, исто така, кажа и дека ЕК и нејзината претседателка Урсула фон дер Лајен, се децидни во ставот дека Западен Балкан има јасна ЕУ перспектива.

Би можело да ве интересира

ЕК: Македонија ќе ги добие средствата за пред-финансирање што е можно поскоро

Европската Комисија го осуди денешниот руски ракетен во Киев

Горан Наумовски

Европската Комисија предлага почеток на нов европски дигитален граничен систем

Горан Наумовски

Мерсие: ЕК работи на исплата на првите средства од Планот за раст на Западниот Балкан

Рокас: Од новиот состав на Европската Комисија треба да очекувате многу напорна работа

Горан Наумовски

Европскиот парламент ја одобри новата Европска Комисија на Урсула фон дер Лајен