Петто обвинение за Санадер за незаконски продажби на деловни згради

Од:
Против поранешниот премиер на Хрватска Иво Санадер, поднесено е петто обвинение, овој пат за незаконитости околу продажбата на деловни згради во центарот на Загреб. Со  ова  државата била  оштетена за 3,5 милиони евра.
Педесет и девет годишниот Санадер веќе издржува 10-годишна затворска казна за корупција и моментно против него се води процес за злоупотреба на државни средства преку маркетинг компанија, која била под негова контрола.
Покрај Санадер, обвинети се и поранешниот министер за регионален развој, шумарство и водостопанство Петар Чобанковиќ, поранешниот пратеник на ХДЗ и сопственик на синџирот месарници Стјепан Фиолиќ и сопственикот на компаниите кои вршеле процена на Младен Миланевиќ.
Санадер, кој се наоѓа во затворот Реметинец, денеска не се појавил на суд, а неговиот адвокат Чедо Продановиќ рекол дека Санадер ги отфрла сите обвиненија.
Двајца од обвинетите го признале криминалот, но Санадер негира, потврди обвинителот Тончи Петковиќ.
Датумот за почеток на овој судски процес  не е определен.

Би можело да ве интересира

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра

Министерот за одбрана на Хрватска потврди: Набавуваме Бајрактар

Предраг Петровиќ