Денеска е петти ден од потрагата по телото на убиената Данка Илиќ (2). Полицијата со денови ги пребарува, посетува и прекопува сите места во Банско поле и околината за што поскоро да го најде телото на девојчето. Потрагата дополнително ја нарушува и ненадејната смрт на братот на убиецот на девојчето, Далибор Драгијевиќ, кој важеше за еден од клучните сведоци бидејќи призна дека му помогнал на братот да се ослободи од телото.
– Навистина ми е несфатлива таа ладнокрвност при изнесување и опишување на детали и тоа треба да не загрижува сите нас. Не покажаа ни трошка емпатија, го третираа детето како предмет. Тие, верувајте, го опишуваат настанот на таков начин што сите сме апсолутно ужаснати. Особено тој чин кога виделе дека детето е живо објаснува полицискиот мајор Бојана Отовиќ Пјановиќ.
„Сакам да верувам дека ќе најдеме тело. Кога ќе имаме околности кои го прават беспредметно да се бара тело, потрагата ќе биде прекината“, рече Отовиќ Пјановиќ.
Таа истакнува дека сака што поскоро да се најде телото на убиената Данка Илиќ, за родителите да го погребаат своето дете.
– Не помага тоа што поминуваат денов, но мојата најголема желба е родителите да го најдат својот мир – вели полицајката.
– Преместувањето на телото било на 28 март. Имаа помош. Еден од нив два дена по настанот се вратил на дивата депонија и го префрлил телото на друга локација. Осомничените на 30 март ги донесовме во службени простории. Мислевме дека всушност на 30 март ќе имаме реализација и дека ќе се случи она за што сите очекувавме – рече полицискиот мајор Пјановиќ Отовиќ.