Веќе петти ден не престануваат крвавите протести ширум Турција, во кои досега има две жртви и преку 1.700 повредени. Додека над улиците се вие бел чад, демонстрантите го окупираа плоштадот „Таксим“, кој е епицентар на протестот.
Полицијата утрово во Анкара употреби солзавец, водени топови и гумени куршуми да ги исплаши демонстрантите. Еден од главните синдикати во Турција, повикува на дводневен штрајк, во знак на протест за насилството врз демонстрантите.
Во текот на вчерашнитепротести загинаа 20-годишниот Мухамед Ајвалитас и 22-годишниот Абдулах Кормет. Организациите за човекови права и лекарите велат дека во Истанбул се повредени повеќе од 1.000 додека во Анкара 700 луѓе.
Се очекува во текот на денешниот ден и утре, протестите да се пришират во школите и универзитетите.
Турскиот премиер Ердоган за нередите ја обвинува опозицијата и смета дека ситуацијата ќе се смири, кога тој ќе се врати од посетата на Северна Африка.
Петар Клинчарски