Петмина Хрвати обвинети за лажни ветувања за финасирање од ЕУ

Од:

Хрватското Јавно обвинителство покрена обвиненија против пет лица осомничени дека давале лажни ветувања на неколку компании дека можат да им обезбедат финансиска помош од фондовите на ЕУ, за одреден надомест.

Според обвинителниот акт, петмината осомничени регистиррале фирма за која на клиентите им тврделе дека е формирама од хрватското Министерство за финансии со цел да посредува при финансирањето од ЕУ.

Во периодот од мај 2011 до јануари 2012 година, петмината обвинети измамиле неколку компании, од кои како надомест зеле речиси 68.000 евра.

Ова е прв ваков случај во Хрватска, која се очекува да стане членка на ЕУ на 1 јули 2013 година.

По примеот во ЕУ, Хрватска од фондовите на ЕУ годишно ќе добива по 1,5 милијарди евра за финансирање на разни проекти, меѓу кои првенствено во сферата на земјоделството, транспортот и заштитата на животната средина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО На сцената во Загреб излегоа сребрените хрватски ракометари

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хрватските ракометарите пристигнаа на плоштадот Бан Јелачиќ, ги дочекаа со песна

(ВИДЕО) Панорама од пречекот на хрватските ракометари

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Хрватските ракометари слетаа во Загреб, ги чека преполниот плоштад Бан Јелачиќ

Земјотрес во Далмација