„PayPal“ од денес и во Црна Гора

Од:

Еден од најпознатите сервиси за плаќање преку интернет „PayPal“, од денеска е достапен и во Црна Гора.

Црногорското Министерство за информации и телекомуникации соопшти дека со воведувањето на „PayPal“, како систем за електронско плаќање, е многу важно за граѓаните во државата, но и за стопанствениците кои може да го искористат за електронско работење и трговија преку интернет.

-По интензивна комуникација со претставници на оваа компанија и доставување на неопходна документација, со која што се потврди дека не постојат законски пречки за воведување на овој систем, е констатирано дека се исполнети сите услови за функционирање на „PayPal“ системот и Црна Гора од денес е на листата држави во кои може да се користи овој сервис-стои во соопштението на министерството.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски