Павлопулос: Се додека Македонија инсистира на користење на името кое со себе повлекува иредентизам ја поткопува својата европска перспектива

Од:

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос во интервју за Политика вели дека сака продолжување на соработката за зацврстување на мирот, безбедноста и на доследно спроведување на меѓународното право на Балканот.

Тој испрати порака до соседите дека пријателството и добрососедските односи зависат само од искреното исполнување на обврските.

– Кога станува збор за Македонија јасно е дека се додека таа инсистира на користење на името кое ‘освен што е предизвикувачко фалсификување на историјата, повлекува со себе и иредентизам’, сама ја поткопува својата европска перспектива, нагласува Павлопулос.

Слична е и пораката од Грција до Албанија.

– Кога се прават дела спротивни на европските правила, како што е неодамнешното сурово кршење на основните човекови права и особено правата на имот, нашиот сосед ја поткопува својата европска перспектива, нагласи Павлопулос.

Весникот додава дека тоа се однесува за уривање куќи на припадници на грчко малцинство.

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина