Партијата Златна зора ќе биде отстранета, тврди владин портпарол

Од:

Грчкиот владин портпарол ги повика сите демократски политички сили „да направат ѕид пред тензиите и насилството во државата“ нагласувајќи дека Златна зора ќе биде отстранета, објави весникот Етнос.

 – Не може над законот да поставиш парламентарна партија, но можеш да ја ставиш таа организација пред законот, изјави Симос Кедикоглу.

Тој додаде дека Владата прави напори за да се справи на законски начин со Златна зора.

– Тие мислат дека може да донесат резултати кои ги сакаат граѓаните, нагласи тој.

Неонацистичката партија Златна зора има 18 пратеници. Изјавата на портпаролот е дадена откако во ноќта меѓу вторникот и средата беше убиен 34-годишен музичар, антифашист од страна на 45-годишен маж кој се претставил како член на Златна зора.

Убиството ја шокира Грција и предизвика бурни протести во државата.

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина