Парламентот на Црна Гора покренува истрага за аферата „Снимка“

Од:

Пратениците од парламентот на Црна Гора едногласно доцна синоќа донесоа одлука за отворање парламентарна истрага и формирање анкетен одбор за аферата „Снимка“.

Со одлуката е предвидено Анкетниот одбор да го предводи претставник од опозицијата.

Аферата „Снимка“ е поврзана со објавување аудио снимки од седници на органи на владејачката Демократска партија на социјалистите на кои е зборувано за употреба на државни ресурси во партиски цели, односно за вработување по партиска припадност.

Обвинителството на Црна Гора побара претходно од министерот за правда и директорот на Заводот за вработување изјаснување и документација за сите кои непосредно пред парламентарните избори стапиле во работен однос.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски