Парламентот на Црна Гора ќе расправа за поништување на претседателските избори

Од:

Собранието на Црна Гора ќе расправа денеска за опозицискиот предлог закон со кој се предвидува прогласување за неважечки на изборите од 7 април за претседател и распишување нови избори.

Опозицијата предложи парламентот на државата да ги прогласи за неважечки претседателските избори на кои победи Филип Вујановиќ заради како што се наведува, кршење на Уставот и законите на Црна Гора и општоприфатените правила од меѓународното право.

Предложено е претседателот на црногорскиот парламент да распише нови избори за шеф на државата најдоцна до 31 август.

ДИК на Црна Гора соопшти дека Вујановиќ победи на изборите со 51,21 отсто гласови, додека независниот кандидат Миодраг Лекиќ освои 48,79 отсто гласови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски