Парламентот на БиХ ќе го разгледува законот за единствен матичен број

Од:

Парламентот на Босна и Херцеговина на денешната седница треба да ги разгледа измените на Законот за единствен матичен број.

Претставничкиот дом на Парламентот минатата седмица, исто така по итна постапка, го усвои предлогот на законот, а против беа сите пратеници на Партијата на демократска акција и Партиите за БиХ.

Со предлогот на овој закон, што Советот на министри го усвои едногласно, регистрациските подрачја се прилагодени на територијалната организација на БиХ во согласност со Уставот и со Изборниот закон.

Тоа, практично значи дека има девет регистрациски подрачја во ентитетските линии и Брчко Дистриктот и тоа три во Република Српска, едно во Брчко Дистриктот и пет во Федерацијата на БиХ.

Поради овој закон во почетокот на јуни беа одржани протести на граѓаните во кои беше блокирана и зградата на институциите на БиХ, по што пратениците од РС и хрватските партии не одеа на работа во Сараево додека не им беше загарантирана безбедноста.

Законот за единствен матичен број Советот на министри претходно два пати го испраќаше во парламентарна процедура безуспешно.

Би можело да ве интересира

Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

А1он

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он