Парламентот на БиХ го дозволи двојното државјанство

Од:

Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ денеска  по итна постапка ги усвои предлог измените и дополнувања на Законот за државјанство на БиХ, што овозможуваат остварување на правото на државјанство на друга земја без одрекување од државјанството на БиХ.

-До мај 2012 година од државјанството на БиХ се одрекоа 54.454 лица. Според сите  проценки, да го нема новото законско решение, милион граѓани на БиХ ќе беа  присилени да се откажат од државјанството, изјави претседавачот со Претставничкиот дом на парламентарното собрание на БиХ, Денис Бечировиќ.

Советот на министри на БиХ вчера го утврди предлог законот со одредени измени. Така на пример, престојот во БиХ како услов за стекнување државјанство на оваа земја со натурализација од досегашните 13 се намалува на осум години. Истовремено, на лицата на кои државјанството на БиХ им престанало со откажување, со отпуст или според силата на законот, им се овозможува повторно добивање на државјанство доколку имаат постојан престој или им е одобрен привремен престој на територијата на БиХ најмалку последната година пред поднесување на барањето.

Оваа измена е важна бидејќи БиХ, заради одбивање на други држави, никогаш не  склучи договори за двојно државјанство со значаен број држави во кои живеат голем број нејзини граѓани, беше кажано на седницата.

Избришан е членот за губење на државјанството според силата на законот со стекнување државјанство на други држави.

За да се оневозможи државјанство на БиХ да добијат криминалци, воени злосторници или терористи, пропишано е, меѓу останатото, странец да  мора да приложи докази дека  против него не се води кривична постапка и дека не претставува закана за безбедноста на земјата, пренесувата босанските медиуми.

ФОТО: Недим Грабовица/Klix.ba

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски