Парламентарни избори во БиХ на 12 октомври

Од:

Централната изборна комисија на БиХ денеска ги закажа парламентарните избори во земјата кои ќе се одржат на 12 октомври.

Босанските граѓани ќе гласаат за нов состав на тричленото Претседателство, за долниот Претставнички дом на државниот Парламент, за Собранието на муслиманско-хрватската Федерација БиХ и за парламентите на 10-те кантони во Федерацијата, како и за Народното собрание на Република Српска. Истовремено, ќе бидат избрани и нов претседател и двајца потпретседатели на Република Српска.

Во избирачкиот список моментно се регистрирани 3.231.000 граѓани со право на глас. Организирањето на изборите ќе ја чини државата 4,5 милиони евра, кои се предвидени со буџетот.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници