Папуљас: Со македонизам вратите за НАТО и ЕУ затворени

Од:

„Колку повеќе ФИРОМ инсистира на идеологијата на македонизмот, толку повеќе ќе наидува на затвоени врати од НАТО и ЕУ“, јасна и остра порака од грчкиот претседател Каролос Папуљас.

„Монополизацијата на терминот Македонија и неговите деривати во името на државата, идентитетот и јазикот не ја рефлектира реалноста во регионот. Во согласност со резолуцијата на Советот за безбедност, договореното име не може да биде само за меѓународна или делумна употреба. Тоа мора да биде име со географска одредница за севкупна употреба. Се додека Скопје инсистира на идеологијата за Македонизам, вратата на НАТО ќе остане затворена, а процесот на пристапување кон ЕУ – замрзнат“, изјавил Папуљас.

Папуљас рекол дека грчката позиција во преговорите останува конструктивна, но и стабилна. Изјавата ја дал на свечената вечера со неговиот бугарски колега Росен Плевнелиев.

Плевнелиев се воздржал од коментар, но неодамна бугарскиот премиер Бојко Борисов најави дека и Бугарија има намера да постави свои услови за решението на македонско-грчкото прашање, и дека за нив е неприфатливо име со географска одредница.

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина