Папуљас шеф на грчката делегација на самитот на ЕУ

Од:

Каролос Папуљас, претседателот на Грција ќе ја предводи делегацијата на својата земја на самитот на Европската унија , што ќе се одржи оваа недела во Брисел.

Премиерот Андонис Самарас, кој веднаш по заклетвата се соочи со здравствени проблеми, нема да присуствува на самитот. Затоа прво го назначи министерот за надворешни работи Димитрис Аврамопулос за шеф на делегацијата, но претставници на унијата реагирале дека со тоа се кршат правилата за самит на премиери и шефови на држави.

Затоа шефот на државата , Папуљас ќе биде шеф на грчката делегација во која, покрај Аврамопулос, се и министерот за финансии во заминување Јоргос Заниас, заменикот министер за финансии Кристос Стаикурас и министерот за развој Костис Хаџидакис.

Американскиот претсеател Барак Обама пак, синоќа телефонски разговарал со Самарас, при што му посакал побрзо оздравување и ја повторил поддршката на Вашингтон за напорите на Грција да се справи со економската криза и да остане во еврозоната.

 

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он