Државните институции на БиХ планираат за пијалоци и храна да издвојат повеќе од 930.000 евра во текот на оваа година и дел од тие пари се наменети за купување квалитетни вина и виски, за што во просек месечно би требало да се издвојат по околу 3.000 евра, објавија бањалучки Независне новине.
Директорот на Службата за заеднички работи на БиХ Синиша Перковиќ потврди дека бил распишан меѓународен тендер за набавка на храна и пијалоци.
– Нам ни доаѓаат делегации, потсетува Перковиќ и додава дека би било нелогично на угледни гости да им се понуди „ракија“ или евтино вино.
Тој вели дека покрај останатото неопходно е да се набави и месо за 250.000 евра, колачи за 20.000 евра, кафе за 65.000 евра…